Французите остануваат без Лука Карабатиќ до крајот на СП

Светскиот првак Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата без помошта на пикерот Лука Карабатиќ. Тој заработи сериозна повреда на десниот скочен зглоб и дефинитивно е во „аут“ за остатокот од Светското првенство. Лекарскиот тим на „експертите“ по деталните анализи соопшти дека Лука Карабатиќ има скинат лигамент на десниот скочен зглоб и дека ќе мора да замине и на операција.

Тоа значи дека селекторот Дидие Динар ќе мора во продолжението на мундијалот многу повеќе да ги користи Седрик Сораиндо и Лукас Фабрегас на пивотменската позиција.

Французите на стартот од мундијалот остварија две лесни победи против Бразил и против Јапонија.

Се вчитува...