Французите сакаа финалето да се преигра, стигна извонреден одговор од Аргентина

Аргентина се уште ја слави големата победа во мундијалското финале, а дел од Французите не можат да се помират со поразот на својата национална селекција. Беше покрената и кампања за преигрување на натпреварот бидејќи при третиот гол за Аргентинците двајца противничките биле на теренот минувајќи ја аут-линијата, но за овој очајнички обид веднаш стигна одговор од Јужна Америка.

Француската кампања собра над 200.000 потписи, што беше доволен повод за слично нешто да се стартува и во Аргентина, но со изменето прашање.

Французи, престанете да плачете. Колку од нас се ЗА?“, гласеше прашањето на кое за еден ден беа собрани над 300 илјади потписи.

Очигледно препукувањето нема наскоро да престанат.

Се вчитува...