Лопетеги се договори со Вест Хем!

Шпанскиот фудбалски стратег Џулен Лопетеги постигна договор со Вест Хем за преземање на клубот од следната натпреварувачка сезона, пренесува Би-би-си.

Се уште ништо не е потпишано, но англиските медиуми веќе пренесуваат дека Лопетеги и Вест Хем ги договориле сите детали, и останува само уште официјализирање на договорот.

Лопетеги, кој со Севилја ја освои Лигата на Европа во 2020 година, а во 2022 година се пресели во Англија во редовите на Вулверхемптон, сега треба да го наследи Дејвид Мојес во Вест Хем кој е под огромен притисок на навивачите поради лошите резултати на тимот.

Шпанецот во минатото го водеше и Порто, како и репрезентациите на Шпанија до 19 и до 21 години, а беше селектор и на шпанската селекција од 2016 до 2018 година.

Се вчитува...