Фудбалер на Атлетико Мадрид позитивен на коронавирус

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Ренан Лоди е позитивен на тестирањето за коронавирус, пренесуваат шпанските медиуми. Лоди уште на средината на март месец имал симптоми. Тој го известил клубот и веднаш заминал во карантин. Врз него во март не бил направен тест, но сега при задолжителното теситирање пред враќање на тренинзите фудбалерот бил позитивен, поради што ќе мора да биде во карантин следните десет дена.

22-годишниот Бразилес во Атлетико Мадрид стигна во 2019 година од редовите на Атлетико Параненсе, а годинава беше еден од најредовните фудбалери во тимот на Диего Симеоне.

Се вчитува...