Фудбалер на Билбао призна – Судијата пред натпреварот ни кажа да не се грижиме

Фудбалерот на Атлетик Билбао Јури Берчиче откри неверојатна ситуација поврзана со полуфиналниот натпревар од Купот на кралот против Гранада. Токму Берчиче беше херој на својот тим со голот во 81. минута, кој на Билбао му донесе финале со Реал Сосиедад.

Тој Иниго Мартинез и Ињаки Вилијамс беа под закана да не настапат на финалниот меч поради жолти картони. Тие одлучиле пред мечот тоа да му го кажат на судијата Карлос дел геру Грандеу, а тој одлучил да им помогне.

„Му пријдовме пред натпреварот. Ни кажа да не се грижиме, дека ќе го има тоа предвид, но дека мораме да му помогнеме. На крајот се добро заврши по нас“, изјави Берчиче. 

 

Се вчитува...