Фудбалер од Боливија почина од коронавирус само неколку денови откако почина татко му

Поранешниот младински репрезентативец на Боливија, Роман Гузман почина на 26 години по долга и тешка битка со коронавирусот.

Гузман бил хоспитализиран пред повеќе од еден месец обидувајќи се да ја добие битката со Ковид-19, но не успеа. Гузман е од градот Бени, место кое е „епицентарот“ на пандемијата во Боливија. А за трагедијата во неговото семејство да биде поголема, само неколку дена претходно почина и неговиот татко Белизарио Роман, поранешен претседателот на второлигашот Универзидад Тринидад во чии редови последно настапуваше Роман. А, од коронавирусот почина и неговиот вујко Луис Кармело Роман.

Роман Гузман е поранешен фудбалер и на еден од најистакнатите боливиски прволигаши, Национал Потоси.

 

Се вчитува...