Фудбалер „скокна од среќа“ и го прослави голот на противникот (ВИДЕО)

Екипата на Шефилд Венздеј е целосно разочарување во Англија оваа сезона, заземајќи ја последната позиција од табелата во Чемпионшип.

Покрај лошите игри, една ситуација од минатата вечер посебно ги „разбесни“ фановите кои се лути на нивниот фудбалер, Мозес Одубај. Фудбалерот кој порано беше дури и репрезентативец на Англија до 20 години, го прослави голот на противничката екипа?! Така барем покажуваат снимките од вториот гол на Нотингем Форест.

Тимот од Нотингем имаше предност од 1-0, а Луис Грабан ја потврди победата во финишот на мечот. Прв до него стигна Одубајо, со насмевка на лицето, и во тој момент се чинеше како да му честита на противничкиот играч за постигнатиот гол. Оваа бизарна ситуација ја забележаа навивачите, но и снимките од камерите.

 

Се вчитува...