Фудбалерите до 16 години поразени од Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 3-0 во вториот пријателски натпревар меѓу овие две селекции кој се играше во Подгорица.

По поразот во вторникот од 2-1, овојпат нашите надежи загубија уште поубедливо.

Црногорците уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот. Марко Тадиќ во 3. минута донесе водство од 1-0, Бојан Дамјановиќ во 25. зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Андрије Скробановиќ во 33. минута.

Се вчитува...