Фудбалерите и броевите – Често несфатена врска

Според многумина, броевите на дресовите не треба да претставуваат ништо повеќе од обична идентификација на фудбалерите за време на натпреварите, што е и логично, но за некои играчи да се носи омилениот број на грбот многу често е услов за трансфер во нов клуб. Пред десетина дена на социјалните мрежи се крена фама за еден фудбалер на Ебсфлит, тим од петтата лига во Англија, за време на нивната средба против Лејтон ориент.

Имено, нивниот дефанзивец, 26-годишниот Јадо Мамбо кога пристигнал во клубот очекувал да го добие бројот 5, но од клубот ја одбиле неговата желба и така му го доделиле бројот 18. Присутните на натпреварот биле исфрустрирани од глетката, знаејќи дека доколку го добиел бројот 5, неговото име би асоцирало на легендарниот хит од 1999 година, „Мамбо број 5“ чиј автор е Лу Беге. А, и самата песна била негова омилена уште од мали нозе, самиот играч изјави дека како мал цело време му ја пееле песната токму поради неговото име, а и бројот му бил омилен, но спортскиот директор на клубот го одбил. Сепак, Ебсфлит одлучи овој „зицер“ да го искористи во добротворни цели, па испечатија уникатен дрес со неговото име и бројот 5 и го ставија на аукција на „Ибеј“, надевајќи се дека од целата ситуација ќе изнудат поголем износ за да ги донираат средствата во борбата против ракот на простата.

465395F100000578-0-image-a-23_1510643106717

Вакви слични ситуации имало и во минатото, но и сега. Познато е дека Озил постави услов за продолжување на соработката со Арсенал, за да потпише нов договор да му биде доделена „десетката“, која засега е во сопственост на Џек Вилшер. Колку е е опседнат германскиот репрезентативец со бројот може да се забележи на неговите профили на неколку социјални мрежи, а го носеше на грбот додека играше за „кралевите“ од Мадрид.

Хари Реднап во својата автобиографија откри дека Пауло Футре, тогаш нов играч на Вест хем, налутено го напушти „Најбери“ во првиот меч од сезоната, откако одговорниот човек за дресовите му го подаде дресот со број 16 пред мечот со Арсенал.

„Футре носи број 10, не 16. Еузебио број 10, Пеле број 10, Футре број 10, а не проклет 16“, пишува во книгата на Реднап, опишувајќи ја сцената како Пауло урлал на лош англиски.

Од таа случка настана голем проблем, Португалецот бил на работ да го раскине договорот, бидејќи актуелната „десетка“ била во сопственост на Џон Монкур, кој не сакал така лесно да се откаже од бројот. Но, на крајот се договориле, Футре му вети на Монкур дека може да ја користи неговата вила и теренот за голф во Алгарве кога ќе посака, па така Џон се откажа од бројот.

Има и такви играчи кои едноставно не се замарале кој број ќe им биде на грбот, се додека се на теренот и играат за клубот кој го сакаат. На пример, кога Роберто Баџо потпиша за Интер во 1998 година инсистираше на бројот 10 кој до тогаш го носеше Роналдо. Интер немаше избор, Баџо ја зеде „десетката“, а Роналдо го доби бројот 9, шефовите на клубот му го одзедоа на Иван Заморано. Легендарниот Чилеанец не се бунеше премногу и се покажа како голем професионалец, се одлучи за бројот 18, но меѓу броевите 1 и 8 го стави знакот плус и така практично носеше „деветка“, со што стана голем хит во фудбалскиот свет.

process

Кристијано Роналдо го искористи бројот 7 да инкорпорира свој личен бренд, и некој треба навистина да биде глуп  да се обиде да му го одземе. За фудбалските љубители бројот 7 секогаш ќе потсетува на легенди кои своевремено владееле со фудбалот – Луис Фиго, Дејвид Бекам, Ерик Кантона, Џорџ Бест, Кени Далглиш, и секако „CR7“.

Доколку овие причини за условување со броевите беа донекаде оправдани, причината поради која Никлас Бендтнер го носеше бројот 52 во Арсенал е тотално бизарна. Данецот го барал бројот 52 бидејќи толку изнесувала неговата плата во клубот од Лондон, 52.000 фунти неделно. Сето тоа е одлична слика како неговата кариера пропадна, знаејќи дека моментално го носи бројот 9 во Розенборг.

Football - Arsenal v FK Partizan Belgrade UEFA Champions League Group Stage Matchday Six Group H - Emirates Stadium, London, England - 10/11 - 8/12/10 Nicklas Bendtner - Arsenal Mandatory Credit: Action Images / Tony O'Brien

Се вчитува...