Фудбалерите „летнаа“ за Грузија: Многу проблеми, но и една добра вест (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација утрово тргна на пат за Тбилиси, каде утре со почеток во 18 часот ќе излезе на мегдан со Грузија во најважниот натпревар во нашата фудбалска историја, во кој влогот е пласман на ЕВРО 2021.

За жал, во последните 24 часа селекторот Ангеловски се соочи со неочекувани проблеми, Барди отпадна поради повреда, Ристевски и Велковски беа позитивни на Covid-19, но добра вест е што барем Аријан Адеми отпатува со селекцијата за Тбилиси, со надеж дека капитенот на Динамо Загреб ќе може да помогне на овој исторски натпревар.

Се вчитува...