Фудбалерите на Аталанта со прекрасна порака: „Бергамо ова е за тебе, не се предавај“

Аталанта направи историски резултат со пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако и вторпат ја совлада Валенсија, овојпат на „Месталја“ со 3-4. Јосип Иличиќ беше стрелец на сите четири гола за италијанскиот тим, а фудбалерите после мечот упатија емотивна порака и до фановите.

„Бергамо ова е за тебе, не се предавај“, порачаа фудбалерите мислејќи на граѓаните на Бергамо кои се соочуваат со големи проблеми поради коронавирусот кој се прошири комплетно на цела Италија. Во земјата се воведени строги мерки за безбедност и речиси и да е забрането движење доколку тоа нема оправдана цел.

Се вчитува...