Фудбалерите на Атлетико се согласија за намалување на платите од 70%, и спасија 430 вработени од отказ

Фудбалерите на Атлетико Мадрид направија исклучително хуман гест спасувајќи од отказ 430 вработени во клубот.

Шефот на стручниот штаб, Диего Симеоне заедно со членовите на Управниот одбор дополнително ќе дадат свој придонес за справување со незавидната состојба по презентацијата на кризниот план на клубот. Сите заедно, на чело со фудбалерите на првиот тим, но и женската екипа како и членовите на Б тимот на Атлетико Мадрид, се согласија на намалување на платите за дури 70% се додека трае кризата поради коронавирусот.

Овој гест на фудбалерите е во насока да се обезбедат средства за 430 вработени во клубот кои требаше да добијат отказ доколку не се обезбедеа финансиски средства на овој начин.

Се вчитува...