Фудбалерите на Барселона одбија да учествуваат во преговорите за намалување плати

Фудбалерите на Барселона одбија да се појават на вториот состанок на кој требаше да се преговара за намалувањето на платите. Играчите во пресрет на состанокот побараа да добијат потврда дека ќе имаат можност да бидат независна група во преговорите. Таква потврда не стигна од клубот и затоа беше донесена одлука да не се присустува.

Првата фаза на преговори се одвиваше минатата среда откако Барселона објави нови договори со чертворица играчи кои беа направени во рамките на плановите на клубот за висините на платите. Пред три седмици, Барселона ги повика претставниците на играчите и им најави дека до 5. ноември треба да биде постигнат догвор. Клубот бара согласност за намалување на палтите за 30 проценти.

Во случај да не биде постигнат никаков вид на договор како што беше најавено на почетокот на преговорите, клубот би можел самостојно да ги намали платите, но во таа ситуација проблемот би можел да излезе надвор од „Камп ноу“ и да влезе во правните лавиринти.

 

Се вчитува...