Фудбалерите на Барселона во нов „бунт“: Сакаат заминување и на Сетиен

Фудбалерите на Барселона не го сакаат Кике Сетиен на местото тренер во каталонскиот клуб. Искусниот стратег кој пред само два месеци го замени Валверде на клупата на актуелниот шампион на Шпанија, сега се соочува со отказ.

Каталонското радио тврди дека играчите на Барселона се против Сетиен и се поотворено пред раководството нагласуваат дека не е дораснат да биде тренер на клуб како Барселона. Па, бараат негово заминување што поскоро.

Сетиен ни е донесе многу добро на Барса. Загубија во „Ел Класико“ со 2-0 од Реал Мадрид и тоа им е трет пораз на шест гостувања од преземањето на клупата. Барселона испадна од кралскиот Куп, а не блескаше ниту во Лигата на шампионите против Наполи, каде извлекоа 1-1 пред реваншот.

За фудбалерите проблем претставува и помошникот Едер Сарабија кој често неконтролирано се дере по играчите на тренинзите, а тоа на големите ѕвезди не им се допаѓа ниту најмалку. Факт е дека уште кратко ќе трае Сетиен во Барселона, ако се знае дека раководството секогаш го слуша гласот на соблекувалната.

 

Се вчитува...