Фудбалерите на Болоња му подарија на Михајловиќ победа над Рома (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња му подарија одличен подарок на Синиша Михајловиќ, совладувајќи ја Рома на Олимпико со 2-3. Михајловиќ утрово ја напушти болницата, а веќе вечерва присуствуваше на „Олимпико“ како би им дал поддршка на своите фудбалери.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Орсолини во 16. минута. Следеше автогол на Денсвил со кој Рома успеа во 22. минута да израмни на 1-1. Четири минути подоцна Муса Бароу донесе водство за Болоња од 1-2, резултат со кој се замина на полувреме. Во 51. истиот фудбалер зголеми на 1-3, а Мктаријан во 72. успеа да намали на 2-3. Во 80. Кристанте доби директен црвен картон, со којги запечати шансите за поволен резултат на волчицата.

 
Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...