Фудбалерите на Гранада одбија да клекнат на синоќешниот натпревар со Јунајтед

Бојкотот на кампањата „И црните животи се важни“ продолжи синоќа во Гранада.

Манчестер јунајтед гостуваше кај Гранада и славеше со 0-2 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. На почетокот на дуелот необичен призор.

Играчите на Јунајтед заедно со судиите клекнаа во знак на поддршка на борбата против расната дискриминација која почна со покретот „Црните животи се важни“. Но, некои одбиваат да се приклучат на тоа затоа што сметаат дека сето тоа е пренагласено, посебно на места каде што нема расна дискриминација. Гранада и Шпанија се места каде е минимална расната дискриминација и поради тоа фудбалерите на Гранада само мирно стоеја додека оние на Јунајтед клечеа пред почетокот на мечот.

Се вчитува...