Фудбалерите со прв тренинг: Нека има победи како во Лигата на нации (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација го означи почетокот на подготовките за стартот на квалификациите за ЕП 2020. Вечерва на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот репрезентативците под раководство на селекторот Игор Ангеловски го одржаа првиот тренинг, а беа пречекани и од новиот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини.

„Италијанците“ Горан Пандев и Илија Несторовски од аеродром веднаш пристигнаа на тренинг. Националниот тим има три дена за подготовки во пресрет на првиот меч против Летонија, кој ќе се одигра в четврток на арената „Филип Втори“. Потоа следи и гостувањето против Словенија в недела во Љубљана.

Во квалификацискиот циклус Македонија сака да продолжи со добрите игри од Лигата на нации.

 

 

 

Се вчитува...