Фудбалерите во словенечка мисија

Најдобрите македонски фудбалери синоќа ја остварија првата победа во новиот квалификациски циклус против Летонија (3-1), а веќе денеска се во словенечка мисија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се веќе во Љубљана и ги почнаа подготовките за дуелот в недела против Словенија.

Атмосферата е одлична, па иако без повредениот Ферхан Хасани, сите се оптимисти дека ќе продолжи позитивниот тренд и на вториот меч од квалификациите. По првото коло, согласно најубедливиот триумф, Македонија се наоѓа на првата позиција во групата. Словенците ремизираа (1-1) против Израел на гости.

Се вчитува...