Фудбалерот за кој Марадона изјави дека е подобар од него се наоѓа во кома, откако бил претепан во родниот Росарио

Поранешниот фудбалер со хрватско потекло Томас Фелипе Карловиќ, за кого своевремено Диего Армандо Марадона го прогласи за најдобар во светот, се наоѓа во кома откао бил нападнат и претепан во близина на неговиот дом во аргентинскиот Росарио.

„Мојот татко имаше нов велосипед, но тоа сигурно не е причината за нападот, бидејќи претходно веќе му имаа украдено четири велосипеди. Во моментов се наоѓа во индуцирана кома на интензивна нега на клиниката во нашиот град“, изјави неговиот син Бруно. 

Карловиќ кариерата ја заврши во 1986 година. Во 1993 година кога Марадона потпиша за Њуелс Олд Бојс изјави дека тој не е најдобриот фудбалер кој играл во овој клуб, туку дека тоа е Томас Фелипе Карловиќ.

Се вчитува...