Фудбалот е главен виновник за ширењето на Ковид-19 во Европа

Светските епидемиолози се со заеднички став дека голем дел од натпреварите во фудбалската Лига на шампиони биле „темпирана бомба“ во ширењето на заразата од Ковид-19. По информациите дека сите 40.000 навивачи на Аталанта се позитивни на смртоносниот вирус и дека натпреварот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид бил причина за енормно зголемување на заразените во овој европски град, со иста констатација се јави и францускиот доктор Марсел Гаригу-Граншамп. Тој смета дека натпреварот меѓу Олимпик Лион и Јувентус е причина за проширувањето на вирусот во Франција.

До 11. март бројката на заболени од Ковид-19 во Франција изнесуваше 492 лица, додека во моментов таа е 60.000, со 5.000 смртни случаи. Натпреварот се одигра на 26. февруари, пред полни трибини во Лион, а доктор Грашамп тврди дека ситуацијата во Лион ескалирала точно две седмици по одигрување на натпреварот кој домаќините го добија со 1-0.

Реванш мечот не е одигран, бидејќи во меѓувреме сите спортски натпревари во Италија беа суспендирани.

Се вчитува...