Фудбалската федерација на Италија ја смени казната за претседателот на Јувентус

Фудбалската федерација на Италија ја смени казната за претседателот на Јувентус, Андреа Ањели во случајот со продажба на билети на „ултра“ навивачите на италијанскиот шампион. Првиот човек на „старата дама“ во септември доби една година суспензија од фудбалски настани, додека клубот мораше да исплати 300.000 евра казна.

Сепак, апелацискиот суд на ФФИ реши да ја смени одлуката, наместо суспенција, Ањели сега ќе мора сам да плати казна од 100.000 евра, додека Јуве ќе мора да игра пред празна јужна трибина каде вообичаено се наоѓаат организираните навивачи, но при тоа нивната казна се зголеми за двојно, сега ќе мора да платат 600.000 евра.

Јужната трибина на „Алијанц“ арената во Торино ќе биде затворена за средбата против Џенова закажана за 22. јануари.

 

Се вчитува...