Фудбалски легенди што уживаа во пороците

И покрај општото верување дека спортистите се здрави луѓе без пороци, реалноста честопати го докажува спротивното. Спортската сцена сведочи за неколку големи фудбалски имиња кои не успеале да се справат со алкохолот и дрогата.

Алкохолизмот е проблем и на некои од најдобрите спортисти на денешницата, а еве неколку кои јавно се бореа со овој порок со години.

Џорџ Бест (1946-2005)

Оваа ѕвезда од Северна Ирска ги помина своите најдобри години како талентиран напаѓач во Манчестер Јунајтед, со кого ја освои тогашната Лига на шампиони во 1968 година. Бест, од друга страна, беше познат и по тоа што го обожаваше ноќниот живот во Манчестер. Желбата за алкохол и жените му дадоа статус на рок ѕвезда. Тој дури имаше и трансплантација на црн дроб во 2002 година, но сепак, продолжи и понатаму да конзумира алкохол. Во 2005 година, Бест почина како последица од бројните здравствени компликации.

Пол Гаскојн (1967-)

Станува забор за еден од најталентираните англиски фудбалери, но и еден од најконтроверзните. Пол дозволи пороците, особено алкохолот, да ја уништат неговата брилијантна кариера. Гаскојн е уште попознат по тоа што не можеше да одолее на речиси секој порок. Уживаше во храна, коцкање, дрога и, пред се’ алкохол. Поради сето тоа, тој помина низ бројни инциденти, а во еден момент дури се обиде да се самоубие.

Сократес (1954-2011)

Овој Бразилец исто така сакаше да ужива, но тоа го чинеше живот. Тој, исто така, имаше трансплантација на црн дроб во 2011 година, но ниту тоа не можеше да ги реши неговите проблеми што ги имаше поради алкохолот. Сократес почина подоцна истата година. Публиката се’ уште го памети како брилијантен играч бидејќи постигна 22 гола на 60 настапи. Сепак, сето тоа „падна во вода“ бидејќи неговиот живот едноставно беше уништен поради алкохолот. За да бидат работите уште полоши, тој бил лекар по професија.

Диего Армандо Марадона (1960-2020)

За Марадона се вели дека е веројатно најдобриот фудбалер досега. Сепак, се чини дека големиот Диего е попознат низ целиот свет по својата зависност од кокаин и алкохолизам отколку по фудбалот. Во својата биографија, тој отворено зборуваше за тоа колку пие, како и дека можеше да биде многу подобро доколку не пиел шише виски секоја вечер. Марадона почина во ноември минатата година. Официјално, во неговото тело не се пронајдени опијати, но тоа беше првото нешто што сите се прашуваа кога ја слушнаа лошата вест, која кажува многу.

Се вчитува...