Фудбалскиот „танц“ на семоќниот Тадиќ (видео)

Не е се во парите, треба и да знаеш да го погодиш засилувањето. А директорот на Ајакс, Марк Овермарс, дефинитивно заслужува бонус за завршената работа со потписот на Душан Тадиќ.

Србинот пристигна во Ајакс од редовите на Саутемптон за сума од 11 милиони евра, но вечерва со само една маестрална партија (од многуте сезонава) му донесе на својот клуб многу повеќе пари од оние што Холанѓаните им ги платија на англиските „светци“ за неговиот трансфер.

Две извонредни асистенции, од кои на онаа втората и претходеше слалом на кој би позавиделе и Меси и Роналдо, настап крунисан со гол за 0-3… Тадиќ блесна кога беше најважно за неговиот тим, што е одлика само на најголемите фудбалери.

А неговите бројки сезонава се феноменални, на 40 средби за Ајакс има 26 победи и 15 асистенции, што значи дека во просек тој учествува во еден гол на својот тим на секој натпревар. Многумина се сомневаа дека Тадиќ прави погрешен чекор со враќањето од Премиер-лигата назад во Холандија. Но Ајакс не е обичен холандски клуб, туку европски великан.

За фудбалските гурмани, „слаломот“ за асистенција при вториот гол на Ајакс, како и третиот погодок што Тадиќ самиот го постигна – фудбалскиот „танц“ на Србинот на еден од најлегендарните европски стадиони.

 

Се вчитува...