Фуксе лесно го реши Партизан на стартот во Лигата на шампионите

Ракометатите на Партизан кои се предводени од Раул Гонзалез доживеаја убедлив пораз пред своите гледачи во салата „Александар Николиќ“ на  стартот од Лигата на шампионите.

„Црно-белите“ загубија со убедливи 33:44 од вицешампионот Фуксе Берлин, кој уште на стартот на елитното ракометно натпреварување покажа зошто сезонава е главен фаворит за титулата.

Партизан беше рамноправен противник само во првите девет минути кога одржуваше резултатски егал (4-4), по што следеше серија на Фуксе од 0:5 со која за водство од 4:9.

Фуксе на одмор замина со предност од осум гола (15:23), а сите надежи за евентуално чудо на „Црно-белите“ беа урнати уште на стартот од второто полувреме кога Фуксе дојде до двоцифрена предност и до крајот рутински ја одржуваше до крајот на мечот. На крајот Фуксе славеше во Белград со 44:33, а одлична партија прикажаа Матијас Гидсел до 13 гола и Тобијас Грондал со 10 голови.

Ефикасен старт на сезоната имаше и Пик Сегед кој пред своите гледачи со 42:31 го совлада Кристианстад.

Се вчитува...