Футсал – Лига на шампиони: Шкупи против украински Керсон во 1/16-финалето

Футсал шампиона на Македонија, Шкупи го доби украински Керсон за противник во 1/16-финалето во Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се игра во периодот од 12. до 17. јануари следната година.

Поради пандемијата од коронавирусот ќе се игра само еден меч. Подобриот од овој меч ќе се пласира во осминафиналето кое е закажано за во февруари. За потсетување Шкупи во квалификациите беше подобар од ирскиот Блу Меџик од Даблин со 3-0.

Се вчитува...