Футсал ЛШ: Шкупи подобар од Омонија во главната квалификациска рунда

Македонскиот футсал првак Шкупи ја совлада Омонија Никозија со 7-4 во второто коло на турнирот во Макарска за пласман во елитната фаза од Лигата на шампионите. Левески и Сефери постигнаа по два гола за составот од Чаир, а во листата на стрелците се запишаа и Алими, Сулејман и Димовски.

Шкупи треба да заврши на првото место во групата за да се пласира во елитната рунда од Лигата на шампионите. Вчера македонскиот првак загуби од ерменскиот клуб Лео.

Се вчитува...