Футсал: Македонија со минимален триумф над Велс

Македонската футсал репрезентација многу потешко од очекувањата со минимална победа од 1-0 (0-0) против Велс го почна претквалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2022.

Избраниците на Васко Скендеровски до значајниот триумф, со кој останува борбата за првата позиција во групата и пласман во главната фаза од квалификациите, дојдоа со голот на Даниел Де Соуса во 23. минута од средбата.

Во групата во која уште е само и селекцијата на Норвешка, македонската селекција против Норвежаните игра во сабота (1. февруари) од 19 часот исто така во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...