Футсал: Македонија поразена од Норвешка, преку бараж ќе бара шанса за следна фаза во квалификациите за ЕП

Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз од 1-2 (1-1) од Норвешка во вториот натпревар од претквалификациите за пласман на ЕП 2022. Овој пораз значи и дека македонската футсал селекција, како второпласирана во групата, ќе мора преку бараж да ја бара својата шанса за пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП.

А, Македонија поведе на натпреварот со голот на Крстевски во 5. минута, но потоа Норвежаните запишаа два погодоци преку Педерсен во 23. минута и голманот Ракваг кој во 38. минута ја донесе конечната победа за својот тим.

На третото место во групата заврши Велс со два порази.

Се вчитува...