Футсал: „Пајакот“ Петровски донесе реми за Македонија на гостувањето во Србија

Футсал репрезентацијата на Македонија на крилја на фантастичниот Антонио Петровски и неговата 21 интервенција успеа да се врати со реми од гостувањето во Врање против селекцијата на Србија (1-1).

Србија прва поведе преку Пршиќ на отварањето на средбата, но Македонија шест минути подоцна изедначи преку Крстевски, а резултатот не се промени до полувремето.

Во вториот дел од натпреварот, Србите нападнаа со сите сили, но на врвот на задачата беше голмаот Петровски кој беше „енигма“ за „Орлите“. Србија на крајот на дуелот играше и без голман, но „црвено-жолтите“ не успеаја да постигнат погодок во протиничката мрежа. Реваншот ќе биде одигран на 9. март во Скопје.

Се вчитува...