Футсал: Првакот Шкупи во група со Локомотив, Кардиф и со Енкамп во ЛШ

Македонскиот футсал првак Шкупи ќе игра против Локомотив Даугавпилс (Летонија), Кардиф Јуниверзити (Велс) и Енкамп (Андора) во групата Б од прелиминарниот сегмент од Лигата на шампионите. Победниците на групите одат во следната главна фаза од квалификациите.

Првиот круг ќе се игра турнирски во периодот од 27 август до 1 септември. Следната главна рунда е на програмата од 8 до 13 октомври.

Се вчитува...