ФУТСАЛ: Реми на Македонија и Црна Гора на првата контрола во Скопје

Футсал репрезентацијата на Македонија одигра без победник 2-2 во првата од двете предвидени контроли против репрезентацијата на Црна Гора.

Гостите водеа со 1:0, ние промашивме пенал за израмнување во првиот дел. Адријан Мицевски и Иван Крстевски донесоа пресврт во продолжението, Црна Гора израмни во 32. минута.

Вториот натпревар меѓу двете репрезентации е закажан за утре со почеток во 17.30 часот исто така во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...