Футсал репрезентацијата на Македонија ремизираше со Босна и Херцеговина

Футсал репрезентацијата на Македонија одигра 3:3 против Босна и Херцеговина на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран во Бихаќ. Нашата репрезентација два пати се враќаше од негатива од еден гол, а сепак беше поблизу до триумф откако Мицевски погоди за водство на Македонија од 3:2 во 35. минута. Домашната селекција успеа да израмни во следната минута за конечни 3:3.

Од 17:00 часот во салата „Луке“ во Бихаќ, двете репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар.

Се вчитува...