Футсал: Селекторот Скендеровски го одреди составот за квалификациските мечеви против Норвешка и Велс

Македонската футсал репрезентација утре ги започнува подготовките за претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда од квалификациите за Европско првенство 2022. Македонија е домаќин на групата во која се наоѓаат Норвешка и Велс. Првопласираниот обезбедува директен пласман во главната фаза, додека вториот од групата игра бараж за место во најдобрата квалификациска група.

„После лошо одиграниот квалификациски турнир за пласман на Светско првенство, како повратник во репрезентацијата пред мене е голем предизвик, пред се да го вратиме победничкиот дух и атмосферата која во изминатите години ја красеше оваа селекција. Не смееме да бегаме од улогата на фаворити, иако сериозно е разнишана самодовербата кај играчите, но за мене тоа е дополнителен мотив да ја прифатам одговорноста и повторно да застанам на чело на репрезентацијата. Не очекуваат два интересни и возбудливи натпревари, но имајќи го в предвид квалитетот на селекциите се чини дека битката за директен пласман во главната рунда ќе биде помеѓу нашата и норвешката селекција. Иако на турнирот поради повреда ги немаме Адријан Мицевски, Драган Петровиќ и Мартин тодоровски, сепак сметам дека сме доволно квалитетни да ја оправдаме фаворитската улога. Имаме повратници во тимот, но и тројца дебитанти, Јованов Јосиф, Лазар Пеев и Бериша Шефкет кои се надевам дека ќе ја оправдаат довербата и ќе дадат свои придонес“, изјави Васко Скендеровски.

Првиот натпревар, Македонија ќе го одигра на 30. јануари против Велс, додека на 01. февруари се соочуваме со Норвешка. Двете пресметки се закажани за 19:00 часот.

СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ:

ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ АНТОНИО (КМФ СК ПРОЕКТ ЦИКО), ПЕТРОВСКИ ВЛАТКО (КМФ КЕГИ-МОБИ), БЕРИША ШЕФКЕТ (КМФ ШКУПИ);

ОДБРАНА: ЛЕВЕСКИ ЗОРАН (КМФ ШКУПИ), ИСМАИЛИ ТАУЛАНТ (КМФ АРБЕН БАЈРАМИ), АГУШИ ФЕРИД (КМФ ШКУПИ), ДАНИЕЛ ДЕ СОУЗА (Мостар, БиХ), ЗИБЕРИ САДАТ (Италпол, Италија);

НАПАД: КРСТЕВСКИ ИВАН (Врање, Србија), ГЛИГОРОВ АЛЕКСАНДАР (КМФ ШКУПИ), ЛЕОВСКИ ИГОР (Славија Прага, Чешка), ЈОВАНОВ ЈОСИФ (КМФ СК ПРОЕКТ ЦИКО), РАНГОТОВ ДАРКО (КМФ СК ПРОЕКТ ЦИКО) , АНДОВ ДИМЧЕ (КМФ СК ПРОЕКТ ЦИКО), РАМАДАН ЈАКУП (Нови Пазар, Србија), АРСОВСКИ ЏОКИЦА (Мускон, Белгија), СЕФЕРИ ЕРКАН (КМФ ШКУПИ), ПЕЕВ ЛАЗАР (КМФ ВЕЛЕС);

Се вчитува...