Футсал: Шкупи убедливо поразен во Украина, елиминиран во ЛШ

Футсал екипата на Шкупи ги заврши своите настапи во Лигата на шампионите, откако во 1/16-финалето убедливо загуби на гостувањето во Украина од екипата на Кершон.

Украинците триумфираа со 5-1, а победникот на дуелот веќе беше јасен по само две минути игра кога Кершон дојде до предност од 2-0 со головите на Зварич и Билоцеркивец.

Шкупи намали со автоголот на Клаудио во 34. минута, но по само шест секунди од тргнувањето од центарот домашните поведоа со 3-1 со вториот погодок на Билоцеркивец. Клаудио во 37. минута зголеми на 4-1, а конечните 5-1 ги постави Да Роса во 40. минута.

Се вчитува...