Футсал: Светскиот првак Португалија во финишот ја „скрши“ Македонија

Во пријателски натпревар одигран вечерва во Лисабон, светскиот шампион во футсал Португалија, ја совлада селекцијата на Македонија со 3-1, благодарение на два гола во финишот од мечот.

На полувремето беше 1-1. Коељо во 19. минута стрелаше, додека Рамадани во 21. минута израмни. Долго време натпреварот беше во „егал“ се до 30. минута кога Ерик погоди за 2-1. Во финишот, поточно во последната минута од мечот, Матос беше успешен и погоди за конечни 3-1.

Утре ќе се одигра уште еден натпревар меѓу двете селекции.

Овие два меча се како подготовка за Португалија за Европското првенство кое стартува на 16. јануари.

Се вчитува...