Футсал: Убедлив пораз и од Украина

Футсал репрезентацијата на Македонија го загуби и третиот меч на квалификацискиот турнир што се одржа во нашата земја. Македонските футсалци загубија од Украина со 5-1. Противникот веќе по првото полувреме обезбеди предност од четири гола.

Микитјук беше стрелец на два гола, а за Украина погодија и Разуванов и Звариш. Во второто полувреме Македонија го постигна единствениот гол преку капитенот Левески во 34.минута. До крајот и Малишко стрелаше за Украинците поставувајќи го конечниот епилог на мечот. Претходно Македонија загуби и од Косово (7-5) и од Словенија (6-1).

Се вчитува...