Футсал: Убедлив пораз од Романија за крај на квалификациите за ЕП

Македонската футсал репрезентација доживеа убедлив пораз на гостувањето против Романија од 9-1 за крај на квалификациите за ЕП.

Романците со четири гола уште во првото полувреме ја најавија победата, која на крај беше заокружена со повеќе од убедливи 9-1. Единствениот погодок за македонската селекција го постигна Петровиќ во 25. минута.

Македонија квалификациите ги заврши на последното место во групата со две ремија и четири порази.

 

Се вчитува...