Футсал: Важна победа за Проект кон шампионската титула

Важна победа за тимот на Проект на гостувањето во Липково од 3-4 во 16. коло од Првата македонска футсал лига.

Крстевски со два гола, и Митков и Давчевски беа стрелци за Проект, а Јунузи два гола и Билали со еден гол се запиша во листата на стрелците за домакинот Карадаку.

Висока победа запиша и КМФ Велес за чекор поблиску до опстанок. Начковски стрелец за домакините, а Алили и Сулимани по четири гола, Калчев – три гола, и Мојсовски и Блажевски беа стрелци за гостите.

Очекувана победа на Шкупи над тимот од Велес. Левески четири гола, два Агуши, по еден Цека ,Шабани и Сотировски беа стрелци за домашните.

ФУТСАЛ – ПРВА ЛИГА (16. коло)
Кмф Карадаку-Кмф Проект 3-4
Кмф Кратово -Кмф Велес 1-13
Кмф Шкупи-Кмф Кеги Моби 9-3
Кмф Железарец-Кмф Јувентус Серава 4-2
Кмф Арбен Бајрами-Кмф Астибо 12-2
Кмф Мал Ајакс-Кмф Црна Река 3-5

Се вчитува...