Фузијата реализирана – се „роди“ Цедевита Олимпија

Нов моќен кошакарски колектив беше создаден денеска на спортската сцена на поранешна Југославија, со реализација на најавената фузија меѓу хрватскиот гигат Цедевита и повеќекратниот првак на Словенија, Олимпија. Според договореното, новиот клуб ќе се вика КК Цедевита Олимпија и ќе ја искористи лиценцата на хрватскиот колектив за да опстане во АБА1, иако Олимпија беше последнопласирана во ова натпреварување минатата сезона.

„Ова го правиме бидејќи ја сакаме кошарката. За првпат во Европа два професионални клубови од различни држави се спојуваат, никој досега нема направено вакво нешто во еден збор. Нашиот мотив е публиката, знаеме дека со добра екипа ќе можеме да ја наполниме салата, во Љубљана ќе имаме беспрекорни услови за работа“ – изјави првиот човек на Цедевита, Емил Тедески.

Тој не ја криеше разочараноста што ваков вид на фузија не беше реализиран во Хрватска, со тимот на Цибона, па останува да се види дали и колку ќе вроди со успех во Словенија.

Се вчитува...