Габер: Првиот дуел со Вардар може да биде клучен

Ракометниот првак Вардар вечерва (20 часот) го пречекува унгарскиот ПИК Сегед во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Ќе биде тоа и последниот танц за „вардарци“ пред скопската публика во елитното натпреварување, а и покрај најавите за заминување на спонзорот, сите се фокусирани да одиграат на највисоко ниво. Но, и ривалите сметаат дека првиот дуел во Скопје може да биде клучен за конечниот исход и во голема мера да го одреди патникот на Ф4 во Келн.

„Мислам дека првиот дуел може да биде од клучнио значење во оваа пресметка. Знаеме дека не очекува тежок меч и вистински пекол во Скопје, но подготвени сме да го дадеме најдоброто и да победиме. И ние ќе имаме поддршка од нашите навивачи на дуелот со Вардар. Тоа секогаш многу ни помага и верувам дека ќе славиме по денешниот прв меч“, вели словенечкиот интернационалец Матеј Габер.

Во составот на Хуан Карлос Пастор има и двајца екс – вардарци, Хоан Канелјас и Хорхе Македа.

Се вчитува...