Габи: Магијата на Бензема ни го одзеде сонот

Атлетико Мадрид скапо си ја продаде кожата во полуфиналето против Реал. „Јорганџиите“ фуриозно го почнаа реваншот поведувајќи со 2-0, но немаа сили за целосен камбек по негативата од три гола од првиот натпревар.

Одигравме фантастично прво полувреме, не се предадовме до самиот крај и затоа сум бескрајно горд на мојот тим. За жал, магијата на Бензема ни го одзеде сонот. Не престанавме да веруваме, одигравме добар меч и тоа е позитивна работа за иднината – во која повторно ќе ги предизвикуваме Реал Мадрид и Барселона. Горд сум на моите соиграчи, но и на навивачите, кои уште еднаш покажаа дека се најдобри во светот“ – истакна капитенот на Атлетико, Габи.

Се вчитува...