Гачевски: Нема да ни биде лесно на реваншот во Струмица

Фудбалерите на Вардар се задоволни по остварениот резултат на првиот меч во Шведска, но не дозволуваат да дојде до еуфорија, свесни дека има уште 90 минути игра на реваншот во Струмица каде ќе мора да се игра уште подобро за да се оствари големата желба – пласман во следната квалификациска рунда за Лигата на шампионите. Голманот Филип Гачевски, кој бранеше одлично во Малме, е задоволен што колективната игра на „вардарци“ во Шведска донесе резултат.

Успеавме да одолееме на нивниот притисок во првите минути, а потоа воспоставивме рамнотежа. На овој натпревар функциониравме како една целина, како еден тим, и дојдовме до овој добар резултат. Успеавме да постигнеме гол кој го посакувавме. Потоа примивме погодок од прекин, и на крајот издржавме пред притисокот на Малме во последните моменти. Мислам дека после победата над ЦСКА Москва во 2003 година, ова е најдобриот резултат на Вардар во еден прв натпревар од Лигата на шампионите. Сега останува реванш во Струмица на кој што нема да биде лесно, но подготвени сме да дадеме се од себе и повторно со една колективна игра да направиме резултат кој што ќе нè однесе во следното коло од Лигата на шампионите, и конечно да ја израдуваме целата македонска јавност“, изјави Гачевски.

Голгетерот Џонатан Боарето Балотели изрази жалење што не искористи ниту една од двете одлични шанси што ги имаше во првото полувреме.

Остваривме добар резултат од овој натпревар, дојдовме до она што го посакувавме, а тоа е да дадеме гол на гостински терен. Жалам за пропуштените шанси во првиот дел, но дадов се од себе да се запишам во листата на стрелците. Во секој случај дојдовме до добар резултат кој што ни дава предност во реваншот. И на вториот натпревар во вторник ќе треба да дадеме се од себе, и да пружиме тимска игра со многу трчање, со многу борба. Да се обидеме да им дадеме гол и на реваншот кој што ќе нè доближи до следната фаза, нешто кое го посакуваме, и се надеваме дека ќе го оствариме“, рече Балотели.

Се вчитува...