Гачевски со јубилеј: По 200-ти пат на голот на Вардар

Голманот на Вардар, Филип Гачевски на натпреварот со Воска Спорт прославува јубилеј. Тој по 200-ти пат ќе го чува голот на „црвено-црните“.

Гачевски дојде во Вардар во 2015 година од Брегалница, и беше дел од тимот во најголемите успеси, и играњето во Лигата на Европа. Во сезоната 2020-2021 заминува во Енозис, а од 2022 година повторно е дел од Вардар.

„Горд сум за мојот 200-ти настап во дресот на Вардар. Посакувам на овој мој јубилеј да ја сочувам мрежата, а пред се посакувам мојата екипа да дојде до победата која ни е неопходна. Ќе биде тешко, но ќе се бориме“, најавува Гачевски.

Се вчитува...