Гачевски: Во Тетово е -8, нека си купат дрва!

Големото дерби донесе убав фудбал, четири гола и секако експлозија од емоции. Секогаш најемотивен е голманот Филип Гачевски, капитенот на „црвено-црните“ кој во свој стил ја прокоментира есенската полусезона и осумте бода предност во однос на Шкендија.

„Иако многумина не веруваа во нас, ние верувавме од самиот почеток, веруваа нашите навивачи, нашиот стручен штаб и луѓето кои го водат клубот. Во Скопје моментално е +8 а во Тетово – 8, ќе мора да набават што повеќе дрва за зимава да не им студи. Комити и Војводи браќа засекогаш, Вардар е светост, Вардар е гордост, Вардар е Македонија“, истакна Филип Гачевски.

Вардар има 36 бода по првиот дел од сезоната, а Шкендија на втората позиција со 28.

Се вчитува...