Гаџа: Добрата одбрана ќе биде клучна за победа против ППД Загреб

Ракометниот шампион на Македонија Вардар утре на гости против  ППД Загреб ќе го одигра последниот меч од групата А во Лигата на шампионите годинава. Меч кој ќе биде од големо значење за „црвено-црните“ бидејќи со победа ќе бидат чекор поблиску до пласман во нок-аут фазата.

Бекот на „вардарци“ Анте Гаџа вели дека добрата одбрана ќе биде клучот за победа против „плинарите“.

„Не очекува меч во Загреб последен натпревар годинава во Лигата на шампионите. Се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и дека во добро расположение ќе се вратиме во Скопје. Загреб ја подигна формата освојувајќи доста бодови во последно време. Мораме да одиграме сконцентрирано и борбено и првенствено подготвени на нивната добра одбрана. Мораме да одиграме паметно и сконцентрирано и со добра одбрана да се надеваме на бодови“, изјави Гаџа. 

Натпреварот кој ќе се игра во Загреб е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...