Гаел Монфис останува во тенисот и по крајот на кариерата

Гаел Монфис е именуван за нов главен тренер на француската репрезентација во Дејвис купот, соопшти Тениската федерација на Франција.

Монфис, кој во вторникот се прости од публиката на крајот од својата играчка кариера, ќе го наследи Пол-Анри Матје, кој ја предводеше репрезентацијата во изминатите три години.

По 22 години поминати на професионалната турнеја, Монфис ќе го пренесе своето богато искуство на новата генерација француски тенисери, а во тренерскиот штаб ќе му помагаат неговите поранешни соиграчи, Жил Симон и Ришар Гаске.

„Голема чест е да станам селектор на Франција. Тој син дрес ми значи многу. Сакам да изградам вистински тимски проект и да создадам атмосфера која ќе ни овозможи заедно да се бориме за титули“, изјави Монфис.

Се вчитува...