Гајур Реџеп назначен за нов тренер на второлигашот Велешта

Второлигашот Велешта го назначи Гајур Реџеп за нов тренер. Тој во тимот од струшкиот регион доаѓа како замена за Петар Џигероски со кого клубот се раздели.

Реџеп ќе има за задача да ја врати Велешта на вистинскиот пат откако слабо го стартуваше новиот шампионат, каде тимот се наоѓа на претпоследната позиција во Втората лига запад со само четири освоени бода.

 

Се вчитува...