Манчестер Јунајтед не сака да ризикува со иднината на својот капитен Бруно Фернандеш, откако Галатасарај покажа сериозен интерес за португалскиот репрезентативец.
Според медиумите од Манчестер, управата на Црвените ѓаволи започнала разговори со агентот на Фернандес со цел што побрзо да се дојде до евентуален договор за продолжување на соработката.
Договорот на Португалецот истекува на крајот од сезонава и иако Манчестер Јунајтед има опција автоматски да го продолжи на уште една година, управата на премиерлигашот подготвува нов повеќегодишен договор.
Овој потег на забрзување на преговорите меѓу фудбалерот и Манчестер Јунајтед доаѓа откако турскиот шампион за Фернандес подготви понуда вредна 21 милион евра нето годишна плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
