Уникахса и Галатасарај ќе се сретнат во големото финале од Лигата на Шампионите на ФИБА, во кое турскиот тим ќе се обиде да го симне шпанскиот претставник од врвот на натпреварувањето во организација на европската куќа на кошарката.
Уникаха е бранител на трофејот од ланската сезона, а тимот од Малага во денешното полуфинале по голема борба го совлада АЕК со 71-65. Пресудна се покажа последната четвртина што шпанскиот состав ја доби со 21-10, правејќи целосен пресврт и стигнувајќи до билет за финалето. Осетковски беше прв стрелец на победничкиот тим со 14 поени, а по 10 постигнаа Кендрик Пери и Тајсон Перез.
На патот на Уникаха до нова титула во ЛШ стои Галатасарај, откако турскиот претставник спречи шпанско финале со победата од 9-80 на дуелот со Тенерифе. Галата се одлепи во третата четвртина што ја доби со 24-12, потоа контролирајќи го резултатот до самиот крај, за заслужен билет за борбата за трофејот.
Камингс и Изунду беа главни играчи кај Галатасарај со по 21 поен, 15 постигна Палмер, додека кај Тенерифе се истакна ветеранот Марселињо Уертас со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА