Галатасарај најавува „бомба“ – Елмас се враќа во Истанбул

Елиф Елмас повторно е актуелен во турската фудбалска јавност откако дел од медиумите објавија дека македонскиот ас би можел во следната сезона да го облече дресот на Галатасарај. Елмас имаше одлична сезона во Фенербахче по што си осигура мегатрансфер во Наполи, па челниците на Галата сега ја разгледуваат можноста да го вратат македонскиот репрезентативец во Истанбул.

„Наполитанците“ веќе му понудија на Елмас нов долгогодишен договор и се очекува Македонецот да потпише до 2025 година, но опцијата што ја разгледуваат Турците се однесува на едногодишна позајмица на Елиф во Галата. Таму тој би имал улога на стандарден првотимец и би добил можност уште повеќе да напредува, по што во јуни 2021 година би се вратил назад во Наполи.

Според истите информации, Галатасарај би можел да го доведе и Абубакар од Бешикташ. Останува да се види дали оваа „бомба“ во фудбалска Турција ќе се детонира, а евентуалниот потпис на Елмас со Галата дефинитивно ќе го направи „дијамантот“ предавник во очите на приврзаниците на Фенер.

Се вчитува...